Искра што може да ја запали Америка: Мајка на три деца беше брутално убиена, а избувна бран протести

Градоначалниците и политичарите ги критикуваат постапките на агентите и одговорноста на властите

Демонстрациите и реакциите на граѓаните на настанот покажуваат длабоки општествени поделби

Сè заврши за секунда. Беа испукани најмалку два истрели, но оваа фатална пукотница започната од агент на ICE ќе има долготрајни последици. Во пукотницата беше убиена Рене Никол Гуд, мајка на три деца, а Минеаполис стана жариште, откривајќи длабоки поделби околу имиграцијата во Америка и како таа се спроведува.

Во САД е тензично околу распоредувањето на агенти на ICE во операција поврзана делумно со обвинувања за измама во која се вклучени жители од сомалиско потекло.

Портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Триша Меклафлин, вели дека убиената жена била застрелана кога се обидела да го „употреби“ своето возило како оружје и да го прегази агентот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поддржа таа верзија на настаните во објава на социјалните мрежи.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, ги нарече тврдењата „глупости“ и го критикуваше ICE, додека поранешната потпретседателка Камала Харис го обвини Трамп за „манипулација“.

Демонстрантите веќе се на улиците обидувајќи се да се спротивстават на масовното распоредување на агенти на ICE во Минесота.

„Не верувајте во пропагандата“, објави гувернерот на Минесота, Тим Волц.

Во Минеаполис тензиите растат со недели, по што 2.000 агенти беа распоредени во Минесота во декември.

Што е ICE?

ICE е федералната агенција за имиграција и царина на САД, одговорна за истраги за внатрешна безбедност и депортации на луѓе за кои САД сметаат дека се нелегално во земјата.

Операциите на ICE значително се зголемија како дел од мерките на Трамп против нелегалната имиграција.

Градоначалникот на Минеаполис на агентите на ICE им порача да „бегаат од градот“, и токму овој град се најде во центарот на светското внимание по убиството на Џорџ Флојд во 2020 година, кога многумина беа сведоци како ваквите злосторства можат да станат пресвртници што ја обликуваат Америка.

Која е убиената мајка на три деца

Убиената жена е идентификувана како Рене Никол Гуд, 37, самохрана мајка на три деца.

Ја идентификувала нејзината мајка, Дона Генгер, која рекла дека нејзината ќерка веројатно била преплашена во тоа време. Дона негираше дека Рене била „дел од нешто“, како што се протестите против ICE што се случуваа таму каде што беше убиена.

„Рене беше еден од најљубезните луѓе што некогаш сум ги запознал. Беше полна со емпатија, се грижеше за луѓето целиот свој живот. Беше полна со љубов и нежна, неверојатно човечко суштество – изјави нејзината мајка за „Minneapolis Star Tribute“, објавува „Daily Mail“.

Рене беше мајка на три деца и наградувана поетеса. Таа пораснала во Колорадо Спрингс, додека студиите ги завршила во Норфолк, Вирџинија. Беше во брак со комичарот Тимоти Реј Меклин Џуниор, кој почина во 2023 година на 36-годишна возраст, со кого имаше син (6).

Таа и Меклин имаа син (6), кој сега остана и без мајка. Неговиот дедо од таткова страна рекол дека „немал никој друг во животот“ и дека би направил сè за да се грижи за својот внук. Другите две деца не живееле со убиената Рене.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни