Соработката не е прекината, рече тој, пренесе ДПА повикувајќи се на државната новинска агенција ИРНА. Сепак, сите активности поврзани со агенцијата на ОН сега ќе бидат префрлени на Националниот совет за безбедност на Иран.
– Барањата на агенцијата ќе бидат испитувани, проценувани и ќе се одговара поединечно во однос на интересите на Иран, рече министерот.
Иранскиот парламент на крајот на јуни донесе закон со кој се суспендира соработката со МААЕ додека не се гарантира безбедноста на иранските нуклеарни постројки. Националниот совет за безбедност треба да одреди кога тој услов е исполнет.
Пред нешто повеќе од една недела, инспекторите на МААЕ ја напуштија земјата по формалното прекинување на соработката.
На 13 јуни, Израел почна со напади врз цели низ Иран, вклучувајќи ги и нуклеарните постројки. САД подоцна влегоа во конфликтот и бомбардираа три од најважните ирански нуклеарни локации.
Пред почетокот на 12-дневната војна, Техеран и Вашингтон поминаа повеќе од два месеци преговарајќи за нуклеарната програма на Иран, со цел да се постават ограничувања за да се спречи развојот на нуклеарно оружје.
Иако иднината на тие разговори е неизвесна, Арагчи рече дека Иран сè уште е отворен за дипломатија.
Осврнувајќи се на можна средба со Вашингтон, тој сепак рече дека „другите страни прво мора да нè убедат дека навистина се заинтересирани за дипломатија“.
Администрацијата на Трамп побара целосно запирање на збогатувањето на ураниум, чекор што Техеран го смета за „црвена линија“.