Иранскиот центар за збогатување ураниум во Натанз е погоден во сабота во воздушен напад, јави официјалната иранска новинска агенција Mizan. Во извештајот се наведува дека нема истекување на радијација.
Објектот, кој се наоѓа околу 220 км југоисточно од Техеран, веќе бил цел на напади на почетокот на конфликтот, како и за време на судирите во јуни 2025 година. За нападот биле информирани и Меѓународна агенција за атомска енергија.
Новиот напад доаѓа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп на своите социјални мрежи напиша дека САД размислуваат за завршување на воената кампања на Блискиот Исток. „Веќе се многу блиску до остварување на своите цели“, наведе тој во објава. Трамп додаде дека Ормускиот теснец треба да биде обезбедуван од земјите што го користат, нагласувајќи дека САД не се меѓу нив.
Претседателот на Владимир Путин порача дека Русија стои зад Иран.
Еден час пред објавата, претседателот на САД пред новинарите во Белата куќа изјави дека не сака прекин на огнот и предвиде дека стратешкиот теснец „сам ќе се одблокира“.
На економски план, цената на суровата нафта Brent ја заврши неделата на 112 долари за барел, откако само во петокот порасна за над 3 проценти.
Воени активности во регионот продолжуваат. Израел соопшти дека Иран испалил ракети во сабота наутро, додека Саудиска Арабија соопшти дека соборила 20 дронови за неколку часа во источниот дел од земјата, каде се наоѓаат големи нафтени постројки. Израелските воздушни напади го погодиле Техеран додека Иранците ја слават Новата година, Новруз.
Израел Кац најави жестока нова фаза од војната: нападите на САД и Израел врз Иран ќе бидат засилени.
Неодамнешни анкети во САД покажуваат дека речиси 60% од Американците се против војна со Иран. И покрај поддршката од неговите тврдокорни приврзаници, околу една четвртина од луѓето кои гласале за Трамп пред година и половина велат дека се незадоволни од неговите потези на Блискиот Исток.