Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека од утре ќе започне напади врз американски технолошки компании во регионот, како одмазда за нападите врз Иран. Според соопштението, меѓу 18-те компании што се означени како цели се: Microsoft, Google, Apple, Intel, IBM, Tesla, Boeing, Oracle и Meta.
Закана со конкретен рок
Во соопштението, пренесено од Tasnim News Agency, се наведува дека нападите ќе започнат од 20:00 часот по локално време во среда, 1 април.
IRGC тврди дека токму компаниите од ИТ и вештачка интелигенција се „клучен елемент во дизајнирање и следење цели“ во Иран, поради што се ставени на листата на мети.
Повик за евакуација
Во пораката се упатува и директно предупредување вработените веднаш да ги напуштат работните места а жителите во близина на овие компании да се оддалечат најмалку еден километар
„Овие компании треба да очекуваат уништување на своите објекти како одговор на секој терористички чин во Иран“, се наведува во соопштението.