Оваа година пристигнале 420 предлози, а меѓу најинтересните се: „коначник“ како замена за зборот „резултат“, „кутерац“ за „удар од корнер“, „кружник“ за „кружен тек“ и „пословље“ за „бизнис“.
Некои од другите предлози вклучуваат „намрежно“ наместо „онлајн“, „типкомамец“ за „кликбејт“, „угледнина“ за „goodwill“ и „пловопис“ за раскази за патувања со брод. Исто така, предложен е и зборот „надтактирање“ како хрватски еквивалент за „overclocking“ во технологијата.
Натпреварот го организира списанието Језик со поддршка на фондацијата „д-р Иван Шретер“. Победничките зборови ќе бидат прогласени на церемонија на 15 март во Липик, а авторите на најдобрите предлози ќе добијат парични награди – прва награда 600 евра, втора награда 400 евра, трета награда 200 евра.