Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави вчера дека Хамас продолжува со напорите да ги најде телата на израелските заложници кои беа држени во Газа — што е клучна точка во неговиот 20-точковен план за прекин на огнот.
„Хамас апсолутно бара посмртни останки на умрените заложници и ги пребарува урнатините од згради урнати со израелско бомбардирање, како и тунелите под улиците на Газа“, рече претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ужасен процес
„Ги вративме сите живи заложници. Денеска се вратија уште некои. Тоа е ужасан процес. Но, тие копаат. Тие навистина копаат. Постојат области каде што копаат и наоѓаат многу тела. Потоа мора да ги одвојат телата. Не би поверувале. Некои од тие тела се таму долго време, а некои се под урнатините. Мораат да ги отстранат урнатините“, рече Трамп.
Претседателот на САД повтори предупредување до Хамас дека мора да се разоружа според условите на неговиот договор за прекин на огнот, додавајќи: „Ако одбие да го направи тоа, ние ќе го направиме“, рече претседателот Доналд Трамп.