Граѓаните се собираат на главниот плоштад во Стразбур за да ги пречекаат велосипедистите од Србија

Подготовките за пречек на студентите велосипедисти во Стразбур се во тек – голем број граѓани се собраа на главниот плоштад во овој град, поставен е црвен тепих, како и голем транспарент „Менуваме брзини, а не принципи“. Студентите треба да пристигнат во Стразбур вечерва, помеѓу 19:00 и 20:00 часот.

Како што јавуваат репортерите од српските медиуми, студентите ќе се соберат утре во 11 часот пред Советот на Европа, каде што ќе се одржи 16-минутен молк.

Меѓу толпата што ги чека учениците има и велосипедисти кои дојдоа од Фрајбург.

„Јас сум од меѓународно училиште во Фрајбург, возевме околу 80 км за да стигнеме тука, нè зафати дожд, но се снајдовме одлично. Кога имате мотивација, воопшто не е тешко. Учениците ме мотивираат кога не сум дома – ова е најмалку што можам да направам“, рече еден од нив.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни