Германската стручна организација TÜV секоја година изведува повеќе од десет милиони технички прегледи и сè тоа го синтетизира во својот извештај, односно статистиката на најдобрите возила и возила со најмногу грешки на техничките прегледи.
Златна значка 2025 се доделува на Хонда Џаз. Само 2.4 проценти од јапонските мали автомобили се издвојуваат со значителни недостатоци кога првпат ќе се подложат на технички преглед – со просек од 28.000 километри на часовникот. Џаз го помести минатогодишниот победник VW Golf Sportsvan на второ место (2.5 проценти).
После тоа, Audi Q2 и Porsche 911 Carrera доаѓаат со 2.6 проценти недостатоци/дефекти. На 5. место е Mitsubishi ASX со само 2.7 проценти значителни недостатоци и докажува дека дури и релативно евтини кросовери можат да бидат многу безбедни. Јапонецот кој се произведува за европскиот пазар во фабриката на Renault во Валдаљид, Шпанија, има значително повеќе поминати километри од првопласираниот Џаз со просечна километража од 40.000 километри – во споредба со Porsche 911 Carrera дури и скоро двојно повеќе. Затоа, резултатот на овој Mitsubishi е уште позанимлив и повреден, пишува HAK Revija.
Гледајќи на долг рок, Porsche 911 Carrera го држи водството во сите возрасни групи. VW Golf Sportsvan има најмалку значителни недостатоци од 4 до 9 години. Семејниот комби VW Sharan (23 проценти) ја задржува квалитетата и по девет години. До седум години старост одлични се VW-T-Roc (6.0 проценти) и Mazda CX-3 (6.6 проценти), додека Porsche со моделот 911 е на врвот на листата…
Во класата на микроавтомобили победува Kia Picanto (3.8 проценти). Меѓу малите автомобили првото место го зазема вкупниот победник Honda Jazz (2.4 проценти), e-Golf победува во компактната категорија (3.4 проценти). Во средната класа блескаат Audi A4/A5 (4.7 проценти). Golf Sportsvan (2.5 проценти) е најдобар комби, а Audi Q2 најпоуздан SUV.