Германија е подготвена да испрати војници во Украина

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека е подготвен да испрати германски војници во Украина

Таквото распоредување би можело да се случи доколку се воспостави демилитаризирана зона (тампон зона) со цел да се гарантира почитување на хипотетичкиот прекин на огнот меѓу двете завојувани земји

„Ние сме најголемиот партнер на НАТО во Европа. Очигледно е дека ќе играме улога и дека ќе мора да преземеме одговорност за тоа“, изјави Писториус. Прашање за кое, според него, „ќе се разговара кога ќе дојде време“.

Во интервју за германскиот весник Зидојче цајтунг, министерот за одбрана се изјасни и за буџет за одбрана (во рамките на НАТО) од 3% од БДП. Доналд Трамп од своја страна бара 5% за земјите членки на НАТО. Во меѓувреме, Фридрих Мерц, кој се смета за фаворит да стане идниот канцелар на Германија, смета дека новиот американски претседател ќе внесе поголема „јасност“ во односите меѓу Американците и Европејците и дека неговото враќање во Белата куќа ќе им понуди „можност“ да ги забрзаат и интензивираат нивните заеднички напори, особено во воената сфера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни