Фајненшел тајмс анализира: Лето на европско понижување

Според Financial Times, Европа во 2025 година претрпува понижувања од администрацијата на Трамп – од НАТО и Украина до трговски договори.

Европа влезе во летото со закана од „трансатлантски развод“, додека иднината на Украина, НАТО и трговијата останува неизвесна, пишува Марк де Вос за Financial Times. Според него, европските лидери на кратко можат да здивнат – американскиот претседател Доналд Трамп, кој НАТО го нарече „застарен“, вети крај на војната во Украина за 24 часа и ја нарече ЕУ непријател, привремено застана на нивна страна.

Но, за да го „умилостиви“ Трамп, Европа мораше трипати да се поклони – за НАТО, за Украина и за трговија.

Прво, ветувајќи стотици милијарди евра за одбрана и безбедност. Потоа, плаќајќи за американско оружје за Украина. И конечно, прифаќајќи американски тарифи, дури и додека Европа ветува милијарди долари за купување на американска енергија, оружје и инвестиции во САД.

Европските дипломати се обидуваат да го прикажат ова како прифатлива цена за стабилна трговија, но суштината, според FT, е дека САД ја принудиле Европа на покорност. ЕУ како најголем мултилатерален трговски блок не успеа да се избори за својата трговска позиција, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дури ја повторила Трамповата „нулта“ трговска нарација.

Европа не може да води трговски војни, бидејќи е слаба и поделена. Не може да ја разбере или игра играта на Трамп – мешање на геополитика, сила и его – во нејзиниот технократски пристап.

Главното прашање е: Дали ова понижување ќе ја натера Европа конечно да се сфати себеси како геополитичка сила, или ќе го засили нејзиниот раскол и зависност?

Иако некои земји ветуваат зголемена потрошувачка за одбрана, нема јасни чекори кон вистинска заедничка европска одбранбена политика. Германија, на пример, троши рекордни средства за сопствена одбрана, но сè уште одбива да ја предводи Европа. Франција и Велика Британија, пак, се враќаат кон билатерални договори без поширока европска визија.

Европа, анализира Фајненшел тајмс, ќе престане да биде понижена само кога нејзините водечки земји ќе сфатат дека се „мали држави“ – и ќе се обединат како една заедничка сила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс