ЕУ официјално го поддржа 30-дневниот прекин на огнот во Украина

„Европската Унија останува цврсто посветена на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, и ги поздравува сите напори во таа насока“, се наведува во соопштението.

Европската Унија официјално се приклучи на повикот од САД, Украина и други меѓународни партнери за целосен и безусловен прекин на огнот во Украина, кој би траел најмалку 30 дена. Ова е наведено во соопштението на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Европската Унија останува цврсто посветена на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, и ги поздравува сите напори во таа насока“, се наведува во соопштението.

Калас истакна дека ваква пауза во воените дејства може да биде клучен чекор кон намалување на страдањата на цивилите и создавање простор за суштински преговори за ставање крај на агресијата.

„Сега е на Русија да покаже дали навистина има волја за постигнување мир“, додаде таа.

Поддршка за иницијативата дадоа и земји кои не се членки на ЕУ, но учествуваа на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Лавов на 9 мај. Меѓу нив се Молдавија, Северна Македонија, Норвешка, Украина и Обединетото Кралство.

Учесниците на состанокот ја изразија својата солидарност со Украина и ја усвоија т.н. Лавовска декларација, со која се поддржува основањето на Специјален суд за процесирање на воените злосторства извршени во Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни