ЕУ исплаќа милијарди евра на земјите од Западен Балкан за реформи и приближување кон членство

Европска комисија исплати 49 милиони евра на Албанија, 44,2 милиони евра на Црна Гора и 65,7 милиони евра на Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст, познат како План за раст за Западен Балкан.

Средствата се исплатени откако Европската комисија оцени дека трите земји спровеле клучни реформи во области како конкурентност, иновации, образование и дигитализација.

План за раст за Западен Балкан

Европската унија го усвои Планот за раст во 2023 година со цел побрза економска и институционална интеграција на земјите-кандидати во единствениот пазар на ЕУ. Вкупно, на располагање се 6 милијарди евра, кои се исплаќаат во фази, зависно од спроведените реформи.

Колку пари се досега исплатени

  • Албанија: 212,8 милиони евра
  • Црна Гора: 89,3 милиони евра
  • Македонија: 142,1 милион евра

Другите земји од регионот, вклучувајќи ги Србија, Босна и Херцеговина и Косово, исто така се дел од Планот за раст.

Во Албанија средствата се насочени кон подобрување на деловната клима, поддршка за иновации и стартапи, како и зелена и дигитална економија. Во Црна Гора фокусот е на зајакнување на научните институции и иновацискиот екосистем. Во Македонија средствата се насочени кон подобрување на образованието и дигиталната инфраструктура во училиштата.

Дел од средствата се пренесуваат директно во државните буџети, а дел се користат за инвестициони проекти преку Западнобалканскиот инвестициски рамковен механизам (WBIF).

е-Трн да боцка во твојот инбокс