Експлозија во фабрика за бисквити во Грција: загинаа четири работнички

Тешка несреќа се случи во фабриката „Виоланта“ во централна Грција, каде експлозија за време на ноќна смена однесе најмалку четири животи, а повеќе лица се повредени.
Foto: trikalaola.gr

Најмалку четири работнички загинаа во експлозија во фабрика за бисквити во централна Грција, соопштија локалните власти.

Една лице сè уште се води како исчезнато, додека шест работнички и еден пожарникар се повредени и се хоспитализирани по експлозијата што се случила во фабриката „Виоланта“ , во близина на градот Трикала, околу 320 километри северно од Атина.

Експлозијата се случила за време на ноќната смена, по што избувнал пожар кој, според противпожарните служби, ја уништил фабриката.

Полицијата соопшти дека постои сомнеж дека експлозијата настанала во близина на индустриските печки кои работат 24 часа дневно, но нагласи дека точната причина сè уште не е утврдена.

Истражните екипи се на терен, а околностите под кои дошло до експлозијата дополнително ќе се испитуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни