Една година по трагедијата во Нови Сад: Државата молчи додека илјадници студенти и граѓани бараат правда за 16-те жртви

Студенти и граѓани од цела Србија денес во Нови Сад оддаваат почит на 16-те жртви од уривањето на бетонската надстрешница и упатуваат повик за правда што ја чекаат веќе една година.
студенти/epa12492803 University students, joined by supporters, begin their march from Belgrade, Serbia, 30 October 2025. The student-led march is heading to Novi Sad for a major commemorative event on 01 November 2025, the first anniversary of the railway station canopy collapse that killed 16 people, sparking widespread protests demanding political accountability. EPA/ANDREJ CUKIC


Денес во Нови Сад ќе се одржи голем собир пред железничката станица, на местото каде на 1 ноември 2024 се урна бетонската надстрешница и загинаа 16 лица. Иако по несреќата беа уапсени неколку лица, меѓу нив поранешни раководители на градската управа и изведувачи поврзани со реконструкцијата, судски епилог сè уште нема. Граѓаните и студентските организации сметаат дека државата не ја спроведува правдата доследно и дека одговорноста се одложува зад институционални процедури и политички калкулации. Денешните собири се најавуваат како повик не само за сеќавање, туку и за правична разрешница и поголема одговорност на системот.

Студенти од цела Србија

Од главниот град Белград се очекуваат околу 4.000 студенти кои ќе тргнат пеш кон Нови Сад – започнувајќи на 30 октомври или 31 октомври, со цел да пристигнат за собирот на 1 ноември. Од Нови Пазар исто така стотици студенти започнале пешачење од 16 октомври како дел од акцијата „16 дена за 16 жртви“ со цел да пристигнат во Нови Сад. Од Ниш ќе има велосипедска тура – нишки студенти ќе возат од 28 октомври за да стигнат во Нови Сад на 1 ноември.

Групите студенти од Белград и Нови Пазар го организирале патувањето пеш изминативе неколку денови. Заедно со нив тргна и велосипедската тура од Ниш на 28 октомври.

Што се очекува?

Организатори на мирните протести се студентите кои учествуваат во блокадите на факултетите во Србија и кои во заедничко соопштение ја поканија јавноста на собирот. Се очекува собирот да биде мирен и комеморативен: точно во 11:52 часот ќе биде одржана 16-минутна тишина во чест на 16-те жртви. Потоа ќе има кратки говори од студентски и граѓански организатори и кратка церемонија со белите рози или друга симболика. Големиот собир се очекува да започне вечерта.

Организаторите нагласуваат дека собирот ќе биде комеморативен, не протестен и нема да има навивачки елементи, сирени, бучава — туку мирно оддавање почит.
Пораката: да не се заборави трагедијата, да се покаже солидарност кон семејствата на жртвите и да се потсети на одговорноста која сè уште не е преземена.

Сепак по сите случувања во Србија не се исклучува насилна реакција од дел дел од граѓаните приврзанци на владеачката партија како и на полицита и жандереријата која во неколку наврати во изминатат година употреби прекумерна сила кон студентите кои протестираа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни