Научници од американските универзитети Стенфорд, Калифорнија и Беркли и од канадскиот Мекгил направија извонреден напредок на полето на хемијата. Имено, тие успешно создадоа и стабилизираа редок јон на злато, познат како Au2+, кој вообичаено не се наоѓа во природата. Нивното откритие отвора многу нови можности за примена на тој редок облик на злато.
Атомите на златото се познати по своите густи јадра преполни со протони, што резултира со голем позитивен набој, кој значително ги привлекува електроните кои кружат околу нив. Таа уникатна карактеристика, под влијание на начелата на посебна теорија на релативноста, ја прави конфигурацијата на електрони поповолна од другите. Тоа исто така го прави поверојатно губењето еден или три електрони отколку губењето два електрони.
Меѓутоа, научниците го постигнаа токму тоа така што затворија златни јони во кристален материјал познат како халиден перовскит, чија примена е разнолика – од соларни плочи до електронски уреди.
Прецизниот распоред на елементите во кристалната матрица послужил за стабилизација на јоните Au2+ кои се формирале и ефикасно ја зачувале нивната различна состојба. Ова револуционерно истражување е објавено во списанието Nature Chemistry.
Научниците велат дека халидните перовскити имаат навистина атрактивни својства за многу секојдневни примени, па барале проширување на та семејство на материјали. Au2+ перовскит без преседан би можел да отвори некои интригантни нови патишта, велат тие.
Откритието на Au2+ перовскит било неочекуван исход на истражувањето на магнетните полупроводници и нивниот потенцијал за подобрување на елетронските уреди. Смесата вклучувата соли на цезиум хлорид, Au3+ хлорид, вода, хлороводородна киселина и малку витамин Ц.
Научниците додаваат дека во лабораторија можат да го направат тој материјал користејќи многу едноставни состојки за околу 5 минути на собна температура. Резултатот е прав со темнозелена, дури црна боја, кој е изненадувачки тежок поради златото кое го содржи. Додатокот на витамин Ц овозможил трансформација на јоните Au3+ во Au2+ со донирање на електрони.
Извор: sciencealert.com