Дваесет и петгодишен маж почина по пукотница во близина на џамија во шведскиот град Еребру, соопшти денес локалната полиција, додавајќи дека во инцидентот е рането уште едно лице.
Полицијата објави дека пукотницата е поврзана со судири во рамките на криминални банди, а досега нема апсења, според Радио-телевизија Шведска.
Инцидентот се случил околу 13:45 часот, за време на молитва, пред џамијата, а според очевидци, на местото на настанот се слушнале неколку истрели.
Полицијата соопшти дека најмалку две лица се повредени во пукотница во близина на џамија во овој мал мал шведски град.
Во моментов е во тек голема полициска операција за апсење на сторителот, а граѓаните се повикуваат да не доаѓаат во областа.
На местото на настанот се наоѓаат седум амбулантни возила.