Дејвид Гир: Македонскиот јазик е еднаков со останатите европски јазици

Европскиот ден на јазиците вчера беше прославен во пригодна атмосфера и на автентична локација, во склоп на НУБ „Свети Климент Охридски“. На настанот беше истакната важноста на учење повеќе јазици и за тоа колку Европа ги поддржува различните јазици кои се говорат.

Евроамбасадорот Дејвид Гир на почетокот од своеото обраќање му честита на победникот на наградата Вавилон, најдобар млад преведувач, Благоја Јовановски а на останатите натпреварувачи им посака да продолжат со одличната работа, овозможувајќи  литературните дела напишани на друг јазик да бидат  достапни овде и обратно мислите напишани на македонски јазик, да прозвучат надвор од земјата. „Со тоа придонесувате кон културната размена, една од најголемите богатства на Европската Унија. Преведувачите патуваат преку литературата, надвор од границите и со тоа ги приближуваат културите“, истакна тој.

„Овој настан традиционално се одржува на европскиот ден на јазиците, како прослава на постоењето на најразлични јазици во Европа, во кој македонскиот јазик е еднаков со останатите, во кој македонскиот јазик е еднаков со останатите“, два пати потенцираше евроамбасадорот Дејвид Гир.

Со серија на активности делагцијата на европската унија го прослави македонскиот јазик и големите македонски автори кои ги достигнале височините на литературната европска култура. Европската Унија преку програмата Креативна Европа поддржа превод и издавање на 420 романи од европски автори на македонски.

„Европскиот ден на јазиците е можност да се нагласи важноста на учење јазици, мултилингвализмот е една од есенцијалните работи да разбереш повеќе култури. Како можеш да запознаеш нова култура, без да го знаеш нејзиниот јазик? Познавање повеќе јазици значи подобри шанси за да пронајдеш работа и полесен пристап до услугите. Учењето јазици го подобрува и менталниот капацитет кој е особено важен за мултитаскинг професиите“.

На овој настан исто така се одбележува и 80 години од првиот училишен час што беше одржан во Македонија. Тој на крајот ја истакна и важноста на постоењето на народната универзитетска библиотека Свети Климент Охридски поради богатството на многу ракописи, наслови, збирки.

„Тоа е национално богатство“ истакна тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни