Дали Кина развива нова генерација нуклеарно оружје? Анализа на Си Ен Ен

Си-Ен-Ен, исто така, објави дека Пекинг можеби развива тактичко нуклеарно оружје со низок принос , кое земјата никогаш порано не го произведувала.

Американските разузнавачки служби имаат сознанија дека Кина развива нова генерација нуклеарно оружје.  Покрај тоа, властите во Пекинг веќе спроведоа барем еден тест како дел од трансформацијата на својот нуклеарен арсенал.

Си-Ен-Ен ја објави оваа информација повикувајќи се на извори кои побараа анонимност.

Според нивните информации, благодарение на инвестициите во својот нуклеарен арсенал, Кина ќе има технички капацитети што не ги поседува ниту една од доминантните нуклеарни сили .

Си-Ен-Ен забележува дека во јуни 2020 година, Кина веројатно спровела тест на локацијата Лоп Нур, која се наоѓа на северозападниот дел од земјата.На овој начин, Пекинг го прекрши мораториумот воведен во 1996 година. Американските разузнавачки агенции веруваат дека тестот бил мотивиран од желбата на Кина да создаде нова генерација нуклеарно оружје

.Си-Ен-Ен, исто така, објави дека Пекинг можеби развива тактичко нуклеарно оружје со низок принос , кое земјата никогаш порано не го произведувала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни