ЦИВИЛ повика на солидарност: Топлина за Украина

 Нашиот одговор е едноставен и човечки: топлина, грижа и заедничка одговорност – од луѓе за луѓе, преку границите”, се вели во соопштението на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во координација со Амбасадата на Украина, по јавниот апел на министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција Топлина за Украина за прибирање средства и агрегати за снабдување со електрична енергија за домаќинствата, училиштата и болниците во земјата.

„Зимата се користи како оружје. Нашиот одговор е едноставен и човечки: топлина, грижа и заедничка одговорност – од луѓе за луѓе, преку границите”, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Енергетската инфраструктура на Украина е под постојани и намерни напади. Струјата и греењето се уништуваат. Семејствата и децата се соочуваат со екстремни зимски услови.

Секој може да помогне на различни начини. Секој, и најмал износ е чекор поблиску до спасување на некое дете чиј живот е загрозен од смртоносниот студ.

Хуманите луѓе можат да донираат агрегати или парична помош за набавка на неопходната енергетска опрема за украинските семејства и заедници на кои им е најпотребна.

Информации и координација

За набавка или доставување на енергетската опрема, може да се контактира Иван Примаченко (ivan.prymachenko@mfa.gov.ua и на тел. +380 67 455 91 39 / WhatsApp, Viber или +389 70 771 474).

Донации

Парични средства во било кој износ може да се донираат преку Фондација Македонски Каритас Скопје, трансакциска сметка: 300000004360186, Комерцијална банка, со целна дознака: Помош за Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни