Четири лица убиени во украински напад со дронови во југозападна Русија

Четири лица се убиени денеска во украински напади со беспилотни летала врз рафинерии во југозападна Русија, соопштија локалните власти, а пренесува ДПА.

Гувернерот на Самара, Вјачеслав Федоришчев, изјави дека четири лица загинале, а едно е повредено.

Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, пак, напиша на Телеграм дека една жена е повредена во нападите со украински беспилотни летала и дека прозорците во два станбени блока и неколку автомобили се оштетени.

Украинската војска соопшти дека повторно цел на нападите биле рафинериите за нафта во регионите Саратов и Самара, длабоко на руска територија.

Со нападите на нафтената индустрија, Киев има за цел да го наруши виталниот економски сектор и снабдувањето со гориво на руските сили.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни