Британија, Германија и Франција ја зајакнуваат одбранбената соработка

Лидерите на групата Е3 најавија продлабочување на колективната безбедност и потврдија трајна поддршка за Украина

Лидерите на Велика Британија, Германија и Франција, земји познати како групата Е3, разговарале за зајакнување на колективната одбрана и безбедност во соработка со останатите партнери, се наведува во соопштение на британската влада.

Портпаролот на Даунинг стрит ја пренесе пораката на премиерот Кир Стармер, кој ја нагласил потребата од зајакнување на заедничката безбедност.

„Мораме да ги искористиме нашите значителни одбранбени капацитети за да ја зајакнеме нашата заедничка безбедност и да обезбедиме придобивки за нашите граѓани“, истакнал Стармер.

Портпаролот додал дека лидерите ја потврдиле „трајната поддршка за Украина, особено во светло на неодамнешните страшни руски напади, како и посветеноста на работата за обезбедување праведен и траен мир“.

Иако премиерот Стармер во последно време поотворено се залага за поблиска соработка со Европската Унија, Лондон и Брисел сè уште немаат постигнато позначителен напредок во продлабочувањето на нивното одбранбено партнерство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни