Четири италијански аеродроми, Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција се соочуваат со можни ограничувања во снабдувањето со авионско гориво поради проблеми во испораките на клучниот снабдувач Air BP Italia, подружница на нафтениот гигант BP.
Според аеронаутичко известување, услугите за снабдување со гориво може да бидат ограничени поради намалена достапност, додека приоритет ќе имаат итни медицински летови и државни мисии.
Приоритет за итни летови
Италијанската новинска агенција ANSA јавува дека одредени летови ќе имаат предност, особено долги релации и итни операции. Информациите се пренесени и од Politico. Синдикатот на пилоти ANPAC предупредува дека ситуацијата засега не би требало да доведе до откажување летови, но дека ризикот ќе расте ако продолжи кризата со снабдувањето.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони во последните денови е во дипломатски посети на земјите од Заливот со цел да обезбеди стабилно снабдување со енергенси.Проблемите се поврзуваат со нарушувања во Ормушкиот теснец – клучна светска транспортна рута за нафта и гориво.
Можни последици во Европа
Ако кризата продолжи, експерти предупредуваат дека слични проблеми може да се прошират и на други европски аеродроми, вклучувајќи го Лондон Хитроу во Обединетото Кралство, како и големи хабови во Франција и Португалија. Се очекува дека ситуацијата ќе зависи од развојот на геополитичките тензии и стабилноста на енергетските рути.