Од министерството не беше прецизирана причината за повлекувањето на средствата, но одлуката доаѓа во време кога темата за миграција повторно предизвикува длабоки политички поделби во Европа.
Рации низ Германија против говор на омраза на интернет
Истовремено, германската полиција спроведе голема национална акција насочена кон поединци осомничени за ширење говор на омраза преку интернет. Целта на акцијата беше откривање и санкционирање на оние кои преку социјалните мрежи шират омаловажувачки и навредливи содржини, особено насочени кон политичари и јавни личности.
Бундестагот ја продолжи мисијата на Бундесверот во Босна и Херцеговина
Германскиот парламент (Бундестагот) изгласа продолжување на ангажманот на германските војници во Босна и Херцеговина за уште една година, во рамки на мисијата на Европската унија за стабилизација – ЕУФОР.
Околу 50 германски војници се дел од мисијата која ја надгледува имплементацијата на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, обезбедува воена обука за босанските вооружени сили и придонесува за зачувување на стабилноста во регионот.
Според информациите на агенцијата DPA, пратениците биле информирани дека и покрај децениската меѓународна поддршка, состојбата во Босна и Херцеговина сè уште е „нестабилна и неизвесна“.