Во Европа, бројот регистрирани автомобили во 2024 година е благо зголемен за 0,8 проценти на 10,6 милиони автомобили. Доминираат и понатаму возилата со мотори на внатрешно согорување, соопшти Здружението на европските производители на автомобили (ACEA).
Шпанија продолжи со континуиран раст на бројот на првично регистрирани возила, со стапка на раст од 7,1 проценти во 2024. година.
Спротивно на Шпанија, пад на бројот на регистрирани нови возила забележан е на три големи пазари во Европската Унија – Франција (пад од 3,2 проценти), Германија (пад од 1 проценат) и Италија, која забележала благо намалување од 0,5 проценти.
Електричните автомобили со батерии останале трети избор за купувачите во ЕУ, земјите на ЕФТА и Велика Британија и во 2024. година. Нивниот удел изнесува 15,4 проценти, што е повеќе од возилата со дизел мотор, кои имаат удел од 10,4 проценти.
Доминација задржале автомобилите со бензински мотори, со вкупен удел од 33,3 проценти. Тоа е малку повеќе од хибридно-електричните возила, чии пазарен удел бил 31,4 проценти и кои така го потврдиле второто место во вкупната продажба.
Во декември, бројот на првично регистрирани електрични возила во ЕУ паднал за 10,2 проценти на само 144.367.
Тој месец на поголемиот дел од европските пазари е забележан двоцифрен пад на пазарниот удел на автомобили на бензин и дизел, но тие и понатаму остануваат први кога станува збор за регистрација на нови возила.
ACEA потсетува дека во ЕУ во автомобилската индустрија работат 13,2 милиони луѓе, што е 10,35 проценти од сите работни места во производствениот сектор, дека со повеќе од 7,5 проценти придонесуваат за вкупниот БДП на Унијата и со 106,7 милијарди евра создаваат трговски суфицит.