Автомеханичарот и експерт за безбедност на автомобили открил како возачите можат да избегнат кражба на нивните автомобили користејќи едноставен, малку познат совет. Автомеханичар Скот Килмер истакнал дека возачите можат да спречат кражба на нивните автомобили од страна на крадците следејќи едноставен трик додека се зад воланот.
Подигнувањето на рачната кочница, која се наоѓа во секој автомобил, може да им ја отежни работат на крадците да го укрдат вашиот автомобил. Скот нагласил дека учесниците во сообраќајот не би требало да се оддалечуваат од паркираното возило без да се уверуваат дека рачната коцница е подигната.
Рачната коцница е исто така неопходна за да се осигура безбедноста на возилото и да не се движи напред или назад.
„Сѐ уште има многу автомобили кои луѓе ги крадат со камиони со рамни платформи и камиони за влечење. За да ги спречите, секогаш подигнувајте ја рачната коцница. Тоа значително ги отежнува камионите со рамни платформи или приколиките за влечење да ги поместат и да ги украдат“, објаснил тој во видеото на својот Јутјуб канал.