Во тешката автобуска несреќа што се случи кај Анкара загинаа пет лица, а 14 се повредени, покажуваат најновите информации од турските медиуми. Автобусот, кој сообраќал на релација Анкара–Кизилџахамам, излетал од патот и удрил во столб од пешачки надвозник, по што е отворена истрага, а сопственикот на возилото е приведен.
Според локалните медиуми, отворена е истрага, а според соопштението на обвинителството, сопственикот на автобусот е приведен. Според нив се наведува дека кај возачот недостасувале дел од документите што требало да бидат доставени во постапката за вработување и почеток на работа.
Ankara'da halk otobüsünün üst geçide çarpması sonucu 4 kişi hayatını kaybetti, 13 kişi yaralandı. pic.twitter.com/z5psimrqUb
— Boşuna Tıklama (@bosunatiklama) April 4, 2026