Патнички автобус, во сопственост на државна компанија, излетал од патот и паднал во длабока провалија. Во моментот на несреќата во автобусот се наоѓале 50 патници. Меѓу повредените е и возачот, кој е примен во болница на лекување.
Локалната телевизија објави снимки на кои се гледа како автобусот лежи превртен на дното од провалијата, додека спасувачи и локални жители се обидуваат да извлечат преживеани од урнатините.
Вакви трагедии не се реткост во Шри Ланка, особено во планинските области, каде честопати доаѓа до несреќи поради несовесно возење, слабо одржувани патишта и тесни кривулести сообраќајници.