Автобус падна во провалија во Шри Ланка – загинаа 21 лице

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во централниот планински регион на Шри Ланка, животот го загубиле 21 лице, а најмалку 14 се повредени. Несреќата се случила во близина на градот Котмале, околу 140 километри источно од главниот град Коломбо.

Патнички автобус, во сопственост на државна компанија, излетал од патот и паднал во длабока провалија. Во моментот на несреќата во автобусот се наоѓале 50 патници. Меѓу повредените е и возачот, кој е примен во болница на лекување.

Локалната телевизија објави снимки на кои се гледа како автобусот лежи превртен на дното од провалијата, додека спасувачи и локални жители се обидуваат да извлечат преживеани од урнатините.

Вакви трагедии не се реткост во Шри Ланка, особено во планинските области, каде честопати доаѓа до несреќи поради несовесно возење, слабо одржувани патишта и тесни кривулести сообраќајници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни