АВМУ најостро го осудува нападот врз новинарите на Алсат-М при известување од Визбегово

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува физичкиот напад врз новинарската екипа на телевизија Алсат-М, која денеска го документираше пожарот кај депонијата во Визбегово.

Безбедноста на новинарите претставува суштински предуслов за професионално и независно информирање, што пак е темел на правото на граѓаните да бидат точно, навремено и објективно информирани.

Неопходно е новинарите да имаат можност слободно и безбедно да ги извршуваат своите професионални обврски во интерес на јавноста и насилството врз медиумските работници, во каква било форма, е апсолутно неприфатливо и мора да биде јасно санкционирано.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни