Американската амбасада во Ријад погодена со дронови

Нападот со беспилотни летала се случил во екот на континуираните ирански ракетни и дрон-напади врз заливските држави кои се домаќини на американски воени бази, по американските и израелските напади врз Иран

Рано утринава се слушнала силна експлозија, а бил забележан и пламен во американската амбасада во Ријад, изјавија три извори запознаени со ситуацијата, при што едно лице навело дека пожарот бил од помал обем.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави брз одговор на нападот со дронови врз американската амбасада во Ријад, при кој избувнал помал пожар и била предизвикана материјална штета. Сепак, според извори на Ројтерс, нема повредени бидејќи зградата во моментот на нападот била празна.

Нападот со беспилотни летала се случил во екот на континуираните ирански ракетни и дрон-напади врз заливските држави кои се домаќини на американски воени бази, по американските и израелските напади врз Иран во саботата. Ројтерс засега не можеше да ги потврди сите околности поврзани со инцидентот.

Според двајца извори, нема пријавени повредени, бидејќи објектот во тој период бил празен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни