Внимание: Граѓаните велат дека алкохолот и цигарите се поопасни од канабисот!

Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните – Што е поопасно – алкохол, цигари или канабис? Најголем дел од граѓаните сметаат дека алкохолот и цигарите се поопасни од канабисот: „Или алкохол или цигари“, „Алкохолот е поопасен, поадиктивен е и повеќе насилни ги прави луѓето“, „Цигари, оти можеш да добиеш рак од тоа“, „Мислам дека алкохолот е поопасен, и цигарите по него, канабисот на последно“, „Алкохолот е најштетен од се“, „Алкохолот е најштетен, ти штети на црниот дроб“…

Граѓаните дадоа различни одговори на прашањето што би направиле ако наидат на израснат канабис во природа – некои би го полеале со вода, некои би го пресадиле на друго место, некои би го игнорирале, а неколкумина кажаа дека би го пријавиле во полиција.

Исто така, повеќето граѓани сметаат дека вистински криминалци се тие што носат 5 тони канабис преку граница, а не тие што имаат еден грам канабис во џеб.

Дел од граѓаните се за декриминализација на канабисот, а дел се за легализација: „За легализација, бидејќи на тие што им треба од медицински причини, не можат да земат туку така,“ „Треба да се легализира, оти колку повеќе станува нешто нелегално, толку повеќе луѓе ќе сакаат тоа да го направат“, „Јас мислам дека треба да се направи легален, за да може да се помогне на луѓе со него“, „Декриминализација, може малце, ама не скроз“, „Па легализација тешко, ама за декриминализација – да, затоа што сега за едно џоинтче не носат во станица и прават глупости“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни