Одлуките на Владата на Србија за промена на членовите на управните одбори на Институтот BioSens и Институтот за вештачка интелигенција на Србија се мотивирани исклучиво од желбата да се воспостави целосна политичка контрола врз научните работници кои работат во овие институти, а кои во голем број ги поддржаа барањата на студентите во блокада, стои во последната реакција на Акедмскиот пленум испратена до медиумите.
Нивната реакција ја прнесеуваме во целост:
„Иако и претходно имало политичко влијание врз овие институти, на оваа власт тоа не ѝ беше доволно, бидејќи од овие институти сè појасно се слушаше глас на отпор против корупцијата и нестручноста. А кога раководствата и членовите на управните одбори одбиваат да го замолчат тој глас – тогаш следи нивна смена со луѓе кои безусловно ќе ги исполнуваат сите наредби на власта.
Така, директорот на BioSens, кој претходно ја поддржувал СНС, беше експресно сменет веднаш по промената на Управниот одбор, затоа што ги поддржа студентските барања и одби да ги присилува научните работници да присуствуваат на митинзи на власта. Смената се случи на досега невиден начин – преку електронска седница, без можност за дискусија или судир на мислења.
Ја потсетуваме јавноста дека BioSens, благодарение на својот истражувачки потенцијал, во 2017 година доби 28 милиони евра од Европската Унија преку програмата Horizon 2020 – најголемиот научен грант во историјата на Србија. Затоа не се сомневаме дека оваа власт сака и поголема контрола врз финансиските текови, а сите добро знаеме како раководи со парите.
Сите овие случувања се уште еден доказ дека оваа власт губи сè повеќе поддршка од граѓаните на Србија, вклучително и од луѓето кои до неодамна ја поддржуваа.
Академскиот пленум затоа ја повикува власта итно да распише вонредни парламентарни избори за што поскоро да се надмине општествената криза што ја предизвикаа – и да се зачуваат науката и образованието“ се вели во реакцијата.