Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во главниот град пристигнала пратка од 177 генератори од Европската Унија. Кличко ова го објави на социјалните мрежи, пишува
„Украинска правда“ .
Според него, генератори со моќност од 20 до 22 kW ќе се користат за поврзување со индивидуални термостаници во станбени згради каде што тоа е технички можно. Генераторите се обезбедени од стратешката резерва на ЕУ за цивилна заштита, rescEU, преку Координативниот центар за одговор во вонредни ситуации.
Кличко додаде дека се очекува утре, 6 февруари, во Киев да пристигне уште една пратка од 41 генератор од Европската Унија.
Минатата недела, 76 генератори за итни случаи од стратешките резерви на ЕУ веќе беа испорачани во Киев за да се помогне во обновувањето на снабдувањето со електрична енергија. Европската комисија претходно објави испорака на вкупно 447 генератори во вредност од 3,7 милиони евра.
