Објавата на една мајка на социјалната мрежа ,,X ‘’,му даде можност на нејзиниот 13-годишен син, за која повеќето само можат да сонуваат.Мајката од Париз, на својот профил ги сподели прекрасните скици направени од нејзиниот син.
Во својата објава таа има неведено дека сака да продолжи да го негува талентот на својот син и дека би била многу среќна доколку тој има можност да стажира во некоја модна куќа со цел да се усоврши.
Нејзиниот син Милан – има нацртано неколку скици на патики, торбици и салонки во стилот на Луј Витон – неговата омилена модна куќа ,а некои од нив станаа вирални на социјалните мрежи. Вистинската среќа за момчето доаѓа откако неговите фотографии ќе ги превземе локален весник од Париз и со тоа го привлекува вниманието на модната куќа Луј Витон.
Од престижната модна куќа го признаа потенцијалот на младиот Милан и импресионирани од неговите дизајни веднаш му понудиле стажирање. ,,Таму е поубаво отколку на училиште. Се чувствувам како да припаѓам во таа заедница. Тоа е магија. За мене е нов почеток.’’ – изјави Милан за медиумите.
По ова искуство неговата мајка Луиз повторно се обрати на социјалните мрежи : „Ви благодарам многу за мојот син. Толку сум горда на него. Ве молам, ако го читате ова… ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ! ВЕРУВАЈТЕ ВО ВАШИТЕ СОНИШТАТА! СЕ Е МОЖНО!“