Јане Стефанов со своја презентација на ЕХО фестивал

Своја презентација годинава на Ехо, ќе има и Јане Стефанов – веруваме добро познат во широк спектар на кругови помеѓу вљубениците во спортовите во природа кај нас, поради неговата уште поширока активност во планините, воздухот и под водата.

Тој има толку многу што да каже, но еве за почеток најавата:

„Како спортот и природата ќе ги спасат младите од пороците на модерното живеење објаснето преку мојот живот“

Jас сум Јане Стефанов, човек кој активно се занимава со авантуристички спортови и сум инструктор за падобранство, нуркање и скијање за лица со попреченост. Кога не обучувам луѓе како да скокнат од авион, летам со параглајдер или ултралесен авион.

На земја, обично планинарам и се качувам на карпи со моите деца. Оваа активност ми дава можност да ги истражувам предизвиците на природата и да уживам во преубавите погледи.

Нуркањето е уште една од моите страсти. Под водата, каде што се’ е бавно, го наоѓам мирот и посетувам поинакви светови со поинакви сензации.

Зимата ја поминувам скијајќи и работам со храбри спортисти со попреченост. Атипичните скијачи ми покажуваат дека не постојат граници на човековата желба.

За ефикасно движење низ градскиот метеж користам велосипед или мотор. Сакам да пешачам сам со моите мисли.

Друг омилен спорт ми е гурманството и како гурман спортист, уживам во откривање на нови вкусови и специјалитети со пријатели спортисти. Тоа ме одржува да не ослабам од сите други спортови.

Мојата цел е да ги освојувам височините, падините и длабочините, секогаш во потрага по нови предизвици и искуства.

Мојот живот е посветен на помагање на другите да ги надминат своите стравови и да ги живеат своите соништа. Верувам дека секоја активност е нова авантура која ни дава можност да научиме, растеме и да се забавуваме!

Јане својата презентација ќе ја одржи на 24ти октомври (четврток), во Кинотека.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни