Кери првпат го глумеше Гринч во 2000 година во филм кој брзо стана миленик на обожавателите. Во тој филм покрај него глумеа Кристин Барански, Џефри Тамбор и Тејлор Момсен, која ја толкуваше улогата на Венди. Во интервју за Comicbook.com, Кери изјави дека повторно би ја прифатил улогата на Гринч, но со одредени услови.
„Проблемот е што тогаш морав да поминувам часови под многу шминка, едвај можев да дишам. Тоа беше исклучително болен процес“, рече тој.
Кери објасни дека бил мотивиран од една работа во текот на целото искуство: „Децата секогаш ми беа на ум. Си реков: ‘Поради децата. Поради децата. Поради децата.’ Денес, со технологии како motion capture, би можел да бидам послободен и да се посветам на други работи, а не да се замарам со толку многу шминка“, објасни тој и додаде: „Во денешниот свет, сè е можно“.
Наследниците на д-р Сеус, кои ги контролираат филмските права на неговите дела, имаат строги барања за тоа кој може да го игра Гринч.
Наводно, вдовицата на д-р Сеус, Одри Гејзел, еднаш напишала писмо со детални упатства за тоа кој би можел да ја игра оваа улога. Меѓу можните кандидати се споменуваа само големи имиња како Џек Николсон, Робин Вилијамс, Дастин Хофман и секако Џим Кери. На крајот изборот падна на Кери.
За потсетување, Џим Кери го најави своето повлекување од актерството во 2022 година. Тогаш изјави: „Се повлекувам. Сериозен сум. Но, би можел да размислам да се вратам ако ми се појави сценарио кое ќе биде значајно за публиката. Моментално уживам во мирниот живот, сликањето и моето духовно патување. Мислам дека имам доволно. Направив доволно.“
Сепак, Кери годинава објави дека сепак се враќа на големото платно. Тој ќе се појави во третото продолжение на Sonic The Hedgehog, каде што повторно ќе го игра Доктор Роботник.
Џим Кери е една од најнезаборавните личности во Холивуд, познат по својот неверојатен талент за комедија, но и по способноста да внесе длабочина во сериозните улоги.
