Полуфиналната серија на Истокот екипата од Њујорк ја доби со вкупни 4-2, откако среде борба се повреди Џејсон Тејтум. Со добриот влез во дуелите и двата „брејка“ во Бостон ривалот стекна недостижна предност која ја одбрани до крајот на серијата и ќе игра конференциско финале против Индијана Пејсерс.
Не дозволија Никси противникот да се избори за „мајсторка“. Со добар влез во мечот и одлична втора четвртина уште на полувремето домаќинот во „Медисон Сквер Гарден“ водеше убедливо. Во продолжението Њујорк го зголеми водството и рутински го доби мечот во своја полза.
- Њујорк Никс – Бостон Селтикс:
Со по 23 поени најефикасни на мечот беа ОЏ Ануноби и Џејлен Брансон, додека во Њујорк блеснаа Бриџс со 22 и Карл Ентони Таунс со 21 поен и 12 скока, а „трипл-дабл“ имаше и Харт (10 поени, по 11 скока и асистенции). Во таборот на Бостон во отсуство на Тејтум одговорност презеде Џејлен Браун со 20 поени, ама немаше вистинска поддршка од соиграчите.
За Никси следуваат неколку денови за одмор, а првиот натпревар против Пејсерси е закажан на 22 мај во 02:00 часот.