Јовева: ЕУ ја менува политиката кон Србија – Фон дер Лајен ќе мора да го смени курсот

Европратеничката Ирена Јовева изјави дека Европската унија ја менува својата политика кон Србија, а дури и Урсула фон дер Лајен ќе мора да направи пресврт – сака или не.

Не ме изненади тоа што Урсула фон дер Лајен не ја спомена Србија во својот говор, бидејќи тоа и не се очекуваше. Но, треба да се гледа пошироката слика и околностите. Фон дер Лајен со години гради имиџ на лидерка која може да ја води ЕУ низ различни кризи, но доживеа сериозен пад на кредибилитетот. Таа, на пример, дури по 700 дена за првпат ја спомена Газа во свој говор. Значи, причината за падот на нејзиниот кредибилитет лежи и во тоа што нема став во врска со Србија”, изјави за Н1 европратеничката Ирена Јовева.

Сепак, додава Јовева, тоа не го менува фактот дека европратениците во Европскиот парламент, како и комесарката Марта Кос – за која вели дека ја променила реториката кон официјален Белград – ќе сторат сѐ што можат кога станува збор за Србија.

„Ставот на комесарката за проширување Кос е нејзин став. Марта Кос ја заостри реториката кон официјален Белград од оправдани причини. Ако ја согледаме ситуацијата и сè што се случува во Србија, заедно со изјавите на Кос, јасно е дека фон дер Лајен многу добро знае што зборува таа. И освен тоа што Урсула секогаш е информирана за тоа што ќе каже Кос, тоа всушност значи дека нешто се случува – и дека тоа е почеток на поинаков официјален став на Европската комисија кон Србија“, рече европратеничката Ирена Јовева.

Таа вели дека е сигурна дека фон дер Лајен ќе мора да избере помеѓу „економските и човечките, демократски интереси“, и дека тоа што Србија не беше спомната во последниот нејзин говор, не значи дека нејзиниот став не се менува.

„Мислам дека нејзиниот став се менува, бидејќи Марта Кос никогаш не би давала такви изјави за Србија без знаење на фон дер Лајен“, смета Јовева.

На прашањето што е клучното што влијаело врз промената на курсот на европратениците, ЕП и ЕК кон официјален Белград, Јовева вели:

-Работите отидоа предалеку во Србија, и тоа едноставно веќе не може да се игнорира, дури и ако станува збор за високи претставници на европските институции. Сето тоа во Србија трае предолго. Урсула првпат кажа нешто за Газа по 700 дена, но кога го кажувам тоа – не мислам дека ќе ѝ треба толку време и за Србија. Но, факт е дека нешто се менува, затоа нашиот притисок и притисокот на народот во Србија не треба да запре. Кога станува збор за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, проблемот не е само што тој не знае како да ги контролира своите ставови кон европратениците. Многу поголем проблем е начинот на кој се однесува со својот народ, и мислам дека во Европа сè повеќе стануваат свесни за тоа.“

На прашањето што има ЕП како механизми за да изврши притисок врз режимот во Белград и да им помогне на студентите и граѓаните кои протестираат, Јовева цитира дека „политиката е уметност на можноста“.

„Сè е можно ако постои политичка волја. Постојат механизми во ЕП и уште многу нешта што можеме да направиме – и ќе направиме. Сигурно ќе има. Можеби нова резолуција, некоја официјална мисија на ЕП за Србија, притисок или контрола на тоа што српските власти го ветија, можеби ќе има барања поврзани со финансиските фондови, некој облик на санкции – сè е можно. Некои од тие работи се полесно, а некои потешко остварливи бидејќи мораме да добиеме одобрение од сите 27 земји членки. Но,мораме да го направиме тоа“, наведува соговорничката на Н1.

Критиките од ЕП сега имаат поголема тежина Критиките што се слушаат од Европскиот парламент, објаснува таа, сега имаат поголема тежина затоа што околностите во Србија се променети – и тоа на полошо, а сè отиде предалеку.

„Сега мораме да преземеме јасни чекори, да поставиме рокови, не смееме да дозволиме властите во Србија да ја користат ЕУ како параван. Сѐ уште на некои поединци во Европската комисија им се поважни економските вредности отколку демократијата, но и тоа се менува. Затоа што сè поочигледно е дека Вучиќ веќе не е фактор на стабилност – дури и за Урсула фон дер Лајен. Тоа веќе не е така, бидејќи тој стана извор на нестабилност. Затоа и тие некои економски вредности веќе не се толку важни. Па, дури и ако фон дер Лајен можеби лично не сака да го смени својот однос кон него – ќе мора тоа да го направи“, рече европратеничката Јовева.

Наградата Сахаров за студентите Говорејќи за тоа дека српските студенти се предложени за наградата Сахаров, Јовева вели дека тоа е предлог на европратеничката група „Обновиме ја Европа“, но и дека е сигурна дека таа група не е единствената што ги предложила студентите.

Наградата Сахаров за студентите Говорејќи за тоа дека српските студенти се предложени за наградата Сахаров, Јовева вели дека тоа е предлог на европратеничката група „Обновиме ја Европа“, но и дека е сигурна дека таа група не е единствената што ги предложила студентите.

„Сигурна сум дека српските студенти ќе влезат во првите три предлози, и ќе видиме како на крајот ќе се гласа. Сè што напишавме за нив, го напишавме од срце, бидејќи тоа што тие го прават не е важно само за Србија – туку за сите нас“, заклучи европратеничката Ирена Јовева.

Европратеничката од Словенија, со македонско потекло, Ирена Јовева, неодамна излезе со став и во одбрана на македонскиот јазик и идентитет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни