„Зрно“ со богата меѓународна програма на фестивалот „Аналогманија“ во Темишвар

Фестивалот за алтернативна фотографија  „Зрно“ денеска во Темишвар, Романија,  ќе учествува на „Аналогманија“ – меѓународен фестивал посветен на аналогна фотографија, филм и музика.

Фестивалот за алтернативна фотографија  „Зрно“ денеска во Темишвар, Романија,  ќе учествува на „Аналогманија“ – меѓународен фестивал посветен на аналогна фотографија, филм и музика. Настанот е дел од пошироките активности на „Зрно“ за промовирање и ширење на аналогната култура во Европа.

На фестивалот „Аналогманија“, „Зрно“ ќе претстави: „Исчезнување во пејзажот“ – авторска изложба на Сара Сасани (Иран), „Гора – стебла“ – авторска изложба на Стиг Марлон Вестон (Норвешка), „Ева Ристиќ и Време за чај“ – авторска изложба на Емилија Сандиќ (Србија), „ Воскреснување на старите мајстори: оживеани негативи од браќата Манаки“ – соработка на „Зрно“ со Државниот архив на Македонија – Сашо Алушевски.

Во рамките на фестивалот, Сашо Алушевски ќе претстави неколку дела на македонските пионери на фотографијата и филмот – браќата Манаки, отпечатени на традиционален начин, со благородни историски фотографски техники – ван дајк и цијанотипија.

Како што информира „Зрно“, ќе претстави и изложба: „Sehschärfenbestimmung“ (корекција на диоптријата), 60 уметнички пристапи кон аналогната фотографија.

„Во организација на galerie.guerilla од Виена и Зрно, оваа изложба претставува разновиден спектар на креативни процеси засновани врз аналогни техники и естетики. Шеесет уметници, повеќето од Европа, се претставени со внимателно избрани дела. Изложбата нуди богат мозаик на идеи, концепти и визуелни истражувања, охрабрувајќи ги посетителите да се поврзат со визијата на секој автор. Меѓу учесниците се и повеќе македонски автори: Ангела Грозданов, Анѓела Танчевска, Филип Ицовски, Ивана Цветаноска, Јелена Велинова, Кети Талевска Бакревска, Мартина Павлоска, Сара Ислам и Сашо Алушевски“, се наведува во соопштението за претставувањето на „Зрно“ фестивалот – промотор на аналогниот пристап во современата уметност. 

Ќе бидат одржани и две работилници од тимот на „Зрно“ во соработка со Фото клуб „Ирис“: „Мордансаж техника“ и „Креативна игра со полароид фотографија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни