Зошто заливските држави не возвраќаат на Иран: Страв, пресметка и ризик од поголем хаос

Според аналитичарите, заливските држави сметаат дека ова „не е нивна војна“ и дека директен одговор би ги претворил од ранливи набљудувачи во главни цели.

И покрај серијата напади од Иран врз земјите од Персискиот Залив, ниту една од нив засега не возвратила со директен воен удар. Причините за оваа воздржаност лежат во комбинација од страв, стратешка пресметка и ограничени бенефити од евентуална ескалација.

Во рамки на конфликтот со САД и Израел, Иран погоди цели во Катар , Саудиска Арабија, Обединетите Емирати и други земји од регионот, вклучително и енергетска инфраструктура и цивилни објекти.

Ризикот е поголем од добивката

Според аналитичарите, заливските држави сметаат дека ова „не е нивна војна“ и дека директен одговор би ги претворил од ранливи набљудувачи во главни цели.

Нивните економии силно зависат од енергетската инфраструктура и поморските трговски рути, како и довербата на инвеститорите.

А токму тие три точки се најранливи, особено преку Ормуски теснец, кој Иран го користи како клучна алатка за притисок.

Страв од сценарио како Ирак 2003

Дополнителен фактор е историското искуство од Инвасијата на Ирак. Регионалните лидери стравуваат дека долготрајна војна може да доведе до вакуум на моќ, ширење на нестабилност и зајакнување на иранското влијание.

Ова сценарио сè уште „виси“ над регионот како предупредување.

Зависност од САД, но без целосна доверба

Иако политички не се целосно усогласени со Вашингтон, заливските држави се потпираат на United States за: воена заштита, противвоздушна одбрана и разузнавачки информации

Истовремено, постои скептицизам кон стратегијата на Трамп, особено поради нејасните цели на војната од уништување на нуклеарната програма до промена на режимот.

Поделени односи во регионот

Не сите земји од Заливот имаат ист однос со Иран. На пример Оман има традиционално добри односи и посредничка улога, а Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои ги нормализираа односите со Израел, се почести цели

Оваа поделба дополнително ја комплицира заедничката реакција.

Што може да ги натера да возвратат?

Иако засега се воздржани, експертите предупредуваат дека ситуацијата може брзо да се промени. Клучни „тригери“ би биле голем напад врз енергетска инфраструктура, напади од ирански сојузници (на пример, Хутите) и долготрајно нарушување на снабдувањето со енергија

Во таков случај, конфликтот би се трансформирал од „туѓа војна“ во директна закана за нивната безбедност.

Тенка линија меѓу мир и ескалација

Иако стратегијата на Иран е да изврши притисок врз заливските држави да го ограничат американското влијание, аналитичарите предупредуваат дека тоа е „високоризична игра“. Колку подолго траат нападите, толку е поголема веројатноста овие земји да ја сменат својата позиција – и да се приклучат поактивно во конфликтот.

Засега, дипломатијата останува единствената опција која тие ја гледаат како одржливо решение. Но, како што растат тензиите, прашање е колку долго ќе можат да останат на страна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни