Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го затвори Ормускиот теснец, клучна поморска рута кој, како што вели, Иран веќе го „ограничува“ и од кој бара да биде „ослободен“.
„Со итно дејство, морнарицата на САД, најдобрата во светот, ќе започне процес на БЛОКАДА на сите бродови кои се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот теснец“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.
Тој додаде дека во одреден момент ќе се воспостави режим во кој „на сите им е дозволен влез и излез“, но дека Иран тоа не го дозволува. Одлуката на Иран да го ограничи поморскиот сообраќај на нафтени танкери предизвика економски штети за држави зависни од блискоисточна нафта и доведе до раст на цените на светско ниво.
Но зошто Трамп сака блокада ако Иран веќе го „затвора“ теснецот?
Ормускиот теснец технички не е целосно затворен. Според извештаи, Иран постепено дозволува премин на некои танкери, но често наплатува такса и го контролира сообраќајот. Во исто време, Иран и понатаму извезува нафта, во просек околу 1,85 милиони барели дневно, според податоци на аналитичката компанија Kpler.
Со евентуална блокада, САД би можеле директно да го пресечат главниот извор на приходи на Иран — извозот на нафта, што би го ослабило финансирањето на владата и воените операции.
Што значи ова за цените на нафта и гас?
Ако Ормускиот теснец биде целосно блокиран, последиците би биле глобални и тоа силен скок на цената на нафтата, раст на цените на гасот, нарушување на светските ланци на снабдување и зголемена инфлација во многу држави.
Причината е што низ Ормускиот теснец минува голем дел од светската трговија со нафта.
САД претходно воведуваа санкции врз иранската нафта, а администрацијата на Трамп во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор со Иран и повторно ги заостри мерките. Подоцна беа воведени и делумни олеснувања кои овозможија продажба на складирана нафта, но со ограничувања