Во една статија објавена во Sydney Morning Herald, патописецот Тим Ричардс го опишал своето искуство во хотел во Хонг Конг каде што прозорците биле заклучени од безбедносни причини. Патеписецот се пожали дека собите без извор на свеж воздух предизвикуваат чувство на дехидрираност и главоболки, без разлика дали ја користат климата или не, и истакнува дека хотелите треба да бидат „дом далеку од дома“, што не е секогаш случај.
Откако изразил желба да го отвори прозорецот за свеж воздух, персоналот на хотелот му понудил можност да го отклучи прозорецот под услов да потпише документ за ослободување од одговорност.
Со потпишувањето на тој документ, Ричардс ја презеде одговорноста за сите можни последици поврзани со отворањето на прозорецот, со што го заштити хотелот од тужби во случај на несреќа или повреда.
Пред десет години жена падна од 11-ти кат во хотелот „Краун Плаза“ во Лос Анџелес врз маж и тешко го повреди. Тој го тужеше хотелот, тврдејќи дека на таа височина не треба да има прозорци за да се спречат вакви несреќи. Таков случај е пример од учебник зошто хотелите избегнуваат да поставуваат прозорци што може да се отворат.
Безбедносните причини се однесуваат на спречување на влез на крадци или други непоканети гости, особено во случаи кога гостите ја напуштаат просторијата, но забораваат да го затворат прозорецот. Заштедата исто така игра важна улога, па доколку не мора, хотелите не сакаат да плаќаат повисоки сметки за греење или ладење бидејќи гостите ги отвораат прозорците додека е вклучено греењето или ладењето. Покрај тоа, тие заштедуваат пари за поправки на прозорци, кои почесто ќе се кршат поради честото отворање и затворање.