Зошто Оземпик е опасно „решение“?

Ozempic на пазарот е од 2017 година кога FDA го одобри за употреба кај возрасни со дијабетес тип 2. Лекот е наменет за долгорочна употреба и е ефикасен за намалување на шеќерот во крвта.

Иако самиот Ozempic не е одобрен за губење на тежината, одобрена е неговата активна состојка, семаглутид. Поради одобрувањето на ФДА за семаглутид за хронично справување со тежината, Оземпик во суштина може да се продава и да се препише за губење на тежината под името Wegovy. Wegovy е инјекција која се прима еднаш неделно и е направена од истата компанија како и Ozempic. Разликите меѓу лековите се нивните концентрации на семаглутид и нивната намена: Wegovy содржи поголема доза на семаглутид и е дизајниран за губење на тежината, додека Ozempic содржи помала доза на семаглутид и е наменет специјално за пациенти со дијабетес тип 2.

Лековите за слабеење, како што е Wegovy, кој беше одобрен од FDA за губење на тежината во 2021 година, некогаш се користеа за губење на тежината само кај оние со дебелина и хронични проблеми со тежината. Но станаа популарни на општиот пазар на лекови бидејќи супермоделите и познатите личности се свртеа кон нив. Сега, Оземпик стана сеопфатен термин за семаглутид и слични лекови кои придонесуваат за губење на тежината.

Предупредувањата од познатите личности коишто го користеле Оземпик, дека лесно создава зависност, се чини дека не помагаат во борбата против поддршката за лекот испорачан од други познати личности. На пример, Опра и Илон Маск ја споделија својата поддршка за Оземпик.

Според аналитиката на компанијата, во последните неколку месеци се зголемила популарноста на Ozempic и на Wegovy, на социјалните мрежи.

Од друга страна, како што расте побарувачката за лекови за слабеење, пациентите на кои им се најпотребни лековите имаат повеќе проблеми да ги набават, бидејќи помалку осигурителни компании сметаат дека тие се за медицинска употреба.

„Причината зошто не е покриена е затоа што постои перцепција дека дебелината се смета за козметичко прашање, наспроти хронична болест“, изјави д-р Пеминда Кабандагама, ендокринолог од Клиниката во Кливленд, за NBC News.

CNN Health објави дека „некои осигурителни компании во минатото наводно одбивале да го покријат Вегови“, цитирајќи приказна објавена во Њујорк Тајмс за жена која се лекувала од дебелина, чија осигурителна компанија и наплаќала 1.500 долари месечно за лекови за слабеење, класифицирајќи го како „лек за суета“.

Здравствените работници кои третираат проблеми со дебелината и хроничното управување со тежината открија несогласувања во цените на лековите со истата активна состојка (семаглутид). Цената на Wegovy, првично продаван како лек за слабеење, беше околу 1.350 долари месечно, додека цената на Ozempic, првично продаван како лек за дијабетес, беше околу 892 долари.

Инаку, се проценува дека седум милиони жени имаат нарушувања во исхраната, а распространетоста на лековите за слабеење не помага. Глорификацијата на лековите за слабеење од познати личности и влијателни лица неконтролирано го зголеми директното рекламирање од страна на компаниите што ги создаваат и профитираат од нивната употреба и ги олесни бариерите за општата јавност да пристапи до лекот, но не го стори истото за оние со медицинска потреба. Некои заедници, особено црните и шпанските пациенти, сè уште се соочуваат со бариери за пристапност. Според податоците на Epic Research, додека црните луѓе имаат многу поголема веројатност да страдаат од дебелина и дијабетес, белите луѓе имаат четири пати поголема веројатност да добијат рецепт.

Истражувачите забележаа дека поголемиот дел од општата јавност што го користи овој лек не е целосно едуцирана за тоа. Многумина не знаат како да го користат безбедно и чести се случаите на предозирање со лекот. Според Лос Анџелес Тајмс, Американските центри за отрови, неодамна објавија дека помеѓу 1 јануари и 30 ноември 2023 година, најмалку 2.941 Американец пријавиле предозирање на семаглутид.

Несаканите ефекти на Ozempic вклучуваат гадење, повраќање, дијареа и запек. Д-р Вероника Џонсон, специјалист за медицина за дебелина во Northwestern Medicine, за Good Morning America изјави дека привремената употреба на лекот или прекинот во употреба може да ги влоши несаканите ефекти, па дури и да доведе до зголемување на телесната тежина.

,,Лесно е да ги ставите луѓето на Оземпик, но многу е потешко да ги симнете. Многумина прашуваат дали е физички возможно луѓето безбедно да се оттргнат од долгорочниот лек, со оглед на потенцијалот на влошени опасни несакани ефекти”, вели Џонсон.

На крајот, се поставува прашањето Дали Оземпик навистина е „решение“ за слабеење? Или, пак, е најнова мода за големите аптеки и славните поддржувачи да заработат повеќе пари додека ги прават жените понесигурни?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни