Зошто одморот на Средоземно Море е штетен по вашето здравје?

Медитеранот може да ве потсеќа на одмор на луксузен одмор на плажа, богата морска храна и бескрајни песочни плажи, но водата во Медитеранот е сепак се повеќе и повеќе отровна.

Повеќе од 87 отсто од Средоземното Море, кое се протега од Атлантскиот Океан до Африка, Европа и Азија е заразено со микропластика и други загадувачи, вклучувајќи и токсични материјали и индустриски хемикалии, според извештајот од World Wide Fund for Nature објавен во јули 2024 година.

На светско ниво, загадувањето на водата се поврзува со 1,4 милиони предвремени смртни случаи, што е лоша вест за 150те милиони луѓе кои живеат покрај Медитеранот и 270 милиони туристи кои го посетуваат секоја година.

Средоземното Море има околу 46 илјади километри обала во 22 држави со многу различни стандардни и практики за заштита.

Египет, фрла околу 0,25 милиони тони пластика во Средоземното Море и е најголем загадувач, според организацијата, а потоа следат Турција со 0,11 милиони тони, Италија со 0,04 тони. Вкупно земјите кои излегуваат на Средоземното Море исфрлаат 1,9 милиони пластични фрагменти на метар квадратен.

Медицинските експерти кои биле консултирани за изработка на извештајот велат дека луѓето може да внесуваат микропластика од водата преку консумирање на морски организми и преку пиење вода.

Фото: Freepik

„Преку 840 микропластики може да се внесат годишно со консумација на три риби кои се продаваат и до 11 илјади од големата потрошувачка на бивали (како школки)“ се вели во извештајот.

Средоземното Море е еден од најголемите светски резервоари за морска и приморска разновидност, велат од Med Sea Alliance, кои се залагаат за помодерен риболов. Тие велат дека загадувањето негативно влијае на флората и фауната во морето.

Иако Средоземното Море зафаќа површина од 0,7 отсто од светските океани, тоа сепак е дом на 7,5 отсто од светската морска фауна и 18 отсто од светската морска флора.

Риболовот, од друга страна, е индустрија вредна 4,6 милијарди евра околу Медитеранот, а загадувањето на водата влијае врз животот на околу 180 илјади жители, кои зависат од риболовот.

Програмата за заштита на животната средина на Обединетите Нации вели дека риболовот во Медитеранот е намален за 34 отсто изминатите 50 години, поради прекумерен риболов и пластика во водата.

„Околу 730 тони пластичен отпад дневно завршуваат во Средоземното Море“ велат тие.

Фото: Freepik

Студијата од 2023 година на Институтот за зачувување на морето во Грција испитала 25 морски животни, вклучувајќи осум делфини, две фоки и 15 морски желки и откриле микропластика во сите нив. „Конкретно, меѓу другите видови пластика, откриени се вкупно 10.639 микропластични влакна во гастроинтестиналниот тракт на мртвите морски цицачи и желки“.

Рафаел Марфела, професор по напредна наука од Универзитетот во Неапол, вели дека пластичното загадување е ургентен глобален проблем што е многу повеќе од само загадување на животната средина.

Цитирајќи неодамнешна статија во New England Journal of Medicine, тој ја нагласува врската помеѓу микропластиката и нанопластиката познати како MNP и одредени кардиоваскуларни болести. „Тековните сознанија сугерираат дека МНП може да навлезат во крвотокот преку голтање или вдишување, предизвикувајќи воспаление и оксидативен стрес. Со текот на времето, хроничната изложеност на MNP може да ја забрза прогресијата на атеросклероза и да ја зголеми веројатноста за кардиоваскуларни настани.

Загадувањето со пластика се смета за вечен загадувач, што значи дека штом стане инвазивен, не може да се исчисти.

Извор: Си-Ен-Ен

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни