Зошто краевите на чипсот понекогаш се зелени?

Веројатно сите сме сретнале чипс чии краеви се со зеленкаста боја. Па се поставува прашањето колку е здрав ваквиот чипс и дали може да се јаде.

„Компирот бил премногу изложен на светло или сонце, што предизвикало развој на хлорофил во деловите на компирот кој бил над земја“ објаснуваат ботаничарите.

Компирот расте под земја, но доколку се приближи до површината на тлото, поради сончевата светлина се развива хлорофил, исто како во лисјата.

„Тоа не е штетно за јадење и компирот е нормален“ велат ботаничарите и додаваат дека треба да се изеде огромна количина од вакви делови за да може да се наруши здравјето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни