Зошто компаниите недоволно користат ВИ? Истражувањата покажуваат дека проблемот е во луѓето

Иако вештачката интелигенција (ВИ) може значително да го унапреди донесувањето на одлуки, иновациите и продуктивноста, дури 80% од компаниите не ги остваруваат очекуваните резултати, покажува истражувањето на Универзитетот Аалто. Иако технологијата не е проблем, начините на кои вработените реагираат на ВИ се главната пречка.

Една консултантска компанија се обидела да воведе ВИ алатка за мапирање на вештините на вработените, но проектот не успеал, бидејќи вработените се чувствувале непријатно поради надзорот на нивните дигитални податоци. Некои престанале да внесуваат податоци, додека други манипулирале со системот, што довело до неточни резултати и губење на довербата.

Истражувањето покажало дека вработените реагираат на ВИ на четири различни начини – од целосна доверба до целосно недоверба. Тие кои немале емотивна доверба најчесто ги ограничувале или манипулирале со податоците, иако сметале дека ВИ функционира како што треба.

Успешната имплементација на ВИ не е само технолошки, туку и лидерски предизвик. Компаниите мораат да разберат како вработените ја доживуваат оваа технологија и да ги прилагодат стратегиите за да ги поттикнат нивната подготвеност за нејзино користење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни