Украсувањето на елката е еден од најубавите делови на празничната сезона, а самиот обичај често е совршен повод за семејни собирања. Многу пред христијанството,растенијата и дрвјата кои остануваат зелени цела година имале посебно значење за луѓето во зима.
Токму како што луѓето денес ги украсуваат своите домови за празничната сезона, древните народи ставале зимзелени гранки на нивните врати и прозорци. Во многу земји верувале дека тие ќе ги одвратат вештерките, злите духови и болести.
Историја на украсите за елка: Како Божиќните топки го освојиле светот?
Многу древни народи верувале дека сонцето е бог и дека зима доаѓала секоја година бидејќи сонцето станувало слабо и болно.
Тие го славеле солстициумот, што значело дека бог ќе почне да се опоравува, а зимзелени гранки ги потсетувале на сите зелени растенија кои ќе израснат кога богот на сонцето ќе се зајакне и летото ќе се врати.
Старите Египќани го обожавале богот Ра, а за време на солстициумот, кога тој почнувал да се опоравува од болест, Египќаните ги полнеле своите домови со зелени палми, кои ги симболизирале триумфот на животот над смртта.
Старите Римјани го славеле солстициумот со празникот нареоооочен сатурналија во чест на богот Сатурн, богот на земјоделството. Солстициумот за нив значел дека фармите и овошните градини наскоро повторно ќе бидат зелени и плодни.
По повод оваа прилика, куќите биле украсени со зимзелени гранки.
Во северна Европа, мистичните друиди исто така ги украсувале храмовите со истите гранки како симбол на вечниот живот. Викинзите зимзелени гранки ги сметале за посебни растенија на бога на сонцето Балдер. Китењето елка е, всушност, остаток од пре-христијанските обичаи како елемент на обожавање на природата, тоа е етнолошка традиција. Дрвото е симбол на врската меѓу небото и земјата, корењата му се во земјата и водат кон небото.
Кога започна денешната традиција?
За започнувањето на традицијата каква што ја познаваме денес, заслужни се Германците во 16-тиот век. Тогаш христијаните внесувале украсени дрвца во своите домови. Некои правеле божиќни пирамиди од дрво и ги украсувале со зелени гранки и свеќи.
Широко е распространето верувањето дека протестантскиот реформатор Мартин Лутер прв ги ставил свеќите на дрвото. Една зимска вечер, според приказната, тој одел кон својата куќа и составувал проповед, кога бил восхитен од сјајот на ѕвездите кои светеле меѓу зелените дрвја. За да го пренесе овој ова на своето семејство, во дневната соба поставил дрво на кое ставил запалени свеќи.
Обичајот на китење елка се проширил низ целиот свет. Денес украсени елки се наоѓаат на секој чекор, од домови, преку градски улици и плоштади до деловни простории.