Зошто Иран сега ја нападна базата Диего Гарсија?

Иран изврши напад врз Диего Гарсија по промена на политиката на Обединетото Кралство што им дозволува на САД да користат британски бази за операции против Иран, што ја зголемува регионалната ескалација.


Извештаите за неуспешен ирански ракетен напад врз британската воздушна база Диего Гарсија се загрижувачки, но не и неочекувани. Тие доаѓаат во момент кога владата на Обединетото Кралство дискретно ја промени својата политика, дозволувајќи им на САД да покренуваат напади врз ирански воени капацитети од британски територии, пишува Sky News.

Промена на британската политика

Во петок доцна навечер, британската влада објави суптилна промена во политиката кон конфликтот со Иран. Во изјава од Даунing Стрит се наведува дека министрите „потврдиле дека договорот за користење на британските бази од страна на САД во рамки на колективната самоодбрана на регионот вклучува и одбранбени операции на САД за онеспособување на ракетни локации и капацитети што се користат за напади врз бродови во Хормушкиот теснец“.

Клучната промена е во последниот дел од изјавата. На американските сили сега ќе им биде дозволено да ги користат британските бази Ферфорд и Диего Гарсија за напади врз ирански „капацитети што се користат за напади врз бродови во Хормушкиот теснец“. Оваа промена, како што наведува владата, е донесена поради итната потреба Хормушкиот теснец да остане отворен и оперативен.

Истовремено, помал број британски воени планери, наводно околу десетина, се испратени во седиштето на американската Централна команда (CENTCOM) во Тампа, Флорида. Иако британски офицери веќе се распоредени таму, испраќањето засилување и проширените овластувања за Американците покажуваат дека Обединетото Кралство сака активно да учествува во изработката на планот за обезбедување на теснецот.

Остри реакции

Опозициските партии во Обединетото Кралство веднаш побараа за ова „проширување на мисијата“ да се гласа во парламентот. Очекувано, британската објава предизвика и брза реакција од Техеран. Само еден час по објавата од Лондон, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи се огласи на социјалната мрежа X.

„Големото мнозинство Британци не сака да учествува во израелско-американската војна против Иран, која е прашање на избор“, напиша Аракчи. „Со игнорирање на сопствениот народ, господинот Стармер ги доведува во опасност животите на Британците дозволувајќи користење на британски бази за агресија врз Иран. Иран ќе го искористи своето право на самоодбрана.“

Ризици и последици

Промената на политиката носи и реални ризици за Обединетото Кралство. Постои можност САД пошироко да го дефинираат поимот „колективна самоодбрана“ при изборот на цели за напади што започнуваат од британски бази. Самиот обид за напад со балистички ракети врз Диего Гарсија укажува на неколку важни факти.

Прво, иранскиот режим сè уште располага со воени капацитети за напади на големи растојанија — од јужниот брег на Иран до Диего Гарсија има околу 4000 километри. Второ, постои реален ризик за цивилните авиони што летаат по рути кои го заобиколуваат Иран, но минуваат низ воздушен простор низ кој би можеле да поминуваат такви проектили. Трето, обезбедувањето на Хормушкиот теснец ќе бара напори од поширока коалиција, а членовите на таа коалиција исто така стануваат цели на иранскиот режим. Тоа може да вклучи и асиметрични закани, при што посебна загриженост претставуваат „спијачки ќелии“ во целните земји.

Воената база Диего Гарсија, која била цел на ирански балистички проектили, е најголемата во архипелагот Чагос во Индискиот Океан. Базата се наоѓа илјадници километри од африканскиот и азискиот континент. Од Иран и регионот на Заливот е оддалечена околу 4000 километри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни