Ако често ве боли главата кога наеднаш надвор ќе затопли, не сте единствените. Една неодамнешна американска студија покажува дека зголемувањето на температурата за само неколку степени може да ја зголеми веројатноста за појава на мигрена или други видови главоболки.
Истражувачите од Универзитетот во Синсинати и Медицинскиот факултет на Ајкан во Њујорк анализирале повеќе од 70.000 дневници на луѓе кои страдаат од мигрена. Нивните записи беа споредени со локалните временски податоци. Резултатите покажале дека ризикот од главоболка се зголемувал за околу шест отсто секој пат кога дневната температура се зголемувала за околу 5,5 Целзиусови степени или 10 степени целзиусови.
„Промената на времето е еден од најчестите предизвикувачи на мигрена“, вели д-р Винсент Мартин, професор по медицина и директор на Центарот за главоболка во Синсинати. Тој додава дека овие резултати се значајни бидејќи се појавила истата шема без разлика во кој дел на САД живееле испитаниците.
Еден од интересните заклучоци на студијата е дека оваа врска помеѓу порастот на температурата и зачестеноста на главоболките не била забележана кај луѓето кои во текот на истражувањето земале лекови специјално дизајнирани за превенција од мигрена – таканаречени блокатори на CGRP, кои го спречуваат пренесувањето на болката преку нервниот систем.
Иако лековите споменати во истражувањето се веќе достапни за пациентите, експертите истакнуваат дека се потребни дополнителни студии за да се потврди дека тие навистина можат да им помогнат на луѓето чии главоболки се поврзани со временските услови.
„Хипократ пред повеќе од 2.000 години рекол дека здравјето и времето се тесно поврзани“, потсетува коавторот на студијата, метеорологот Ал Петерлин и додава дека денес имаме научни докази кои го потврдуваат тоа.
Други временски услови и главоболки
Промените на временските услови навистина можат да влијаат на појавата на главоболки, особено кај луѓето кои се склони кон неа. Според Клиниката во Кливленд, падот на атмосферскиот притисок може да влијае на синусите и другите ткива во телото, што може да предизвика главоболки. Овој тип на главоболка често се јавува пред дожд или кога времето нагло се менува.
Овие две утрински навики можат да ви помогнат да изгубите тежина
Покрај притисокот и температурата, предизвикувачи можат да бидат и други фактори – висока влажност, силен ветер, изложеност на директна сончева светлина, па дури и загушливиот воздух. Американската фондација за мигрена предупредува дека временските услови можат да делуваат како физички стрес на телото, што кај чувствителните луѓе започнува верижна реакција која завршува со главоболка или мигрена.
Како да се заштитите?
Ако знаете дека скокот на температурата и промената на времето воопшто ви предизвикуваат главоболки, постојат начини да го ублажите нивното влијание:
-Следете ја временската прогноза – Доколку знаете дека доаѓа период со големи температурни флуктуации или пад на притисокот, можете навреме да се подготвите.
-Останете хидрирани – Дехидрацијата ги влошува главоболките, особено кога надвор е топло. Пијте доволно вода во текот на денот.
-Избегнувајте изложување на директна сончева светлина – Носете капа, очила за сонце и останете во сенка секогаш кога е можно.
-Останете во соби со пријатна температура – Климатизираниот простор може да помогне да се избегне наглото зголемување на телесната температура што понекогаш предизвикува главоболки.
-Водете дневник за главоболка – Забележувањето кога се појавуваат вашите главоболки може да ви помогне да ги идентификувате временските шеми што ве мачат.
Ако вашите главоболки стануваат чести, силни или не реагираат на вообичаените методи на олеснување, задолжително консултирајте се со лекар. Во некои случаи потребни се лекови (или промена на терапијата) или дополнителни тестови за да се открие причината, пишува Курир.