Студенти од Краљево, заедно со колегите од Нови Пазар, тргнале утрово пеш по патот за Крагуевац, каде што в сабота ќе се одржи голем собир.
Студентите тргнале на пешачка рута од повеќе од 50 километри. На патот планираат да се сретнат со колегите од Ужице, Чачак и Горњи Милановац, од каде заедно ќе продолжат кон големиот собир во Крагуевац.
Според информациите, од Чачак тргнуваат околу 180 луѓе, па заедно со оние кои ќе се приклучат ќе бидат околу 260.
Студентите од ФМГ во Краљево се меѓу последните кои влегле во блокадата
„Па, имаше некои притисоци, а и се чекаше нешто… да добиеме поддршка од професорите. И ето, тоа се промени. Добивме поддршка и решивме да не бидеме единствените кои не сме во блокада. Ние пристапивме на 27 јануари и од тогаш сме во организација на протестите со матурантите од градот. Со нив сме во контакт секој ден“, изјавија студентите.
На прашањето дали се подготвени за пешачење од повеќе од 50 километри, тие одговорија позитивно.
„Подготвени сме. Атмосферата е одлична овде. Сите едвај чекаме и знаеме зошто одиме,“